Експерти: Путин сака да формира коалиција од земји и да ја претстави како „пандан на НАТО“

Владимир Путин сака да се опкружи со непријатели на САД. Според експертите, тој сака да формира коалиција од земји и да ја претстави како „пандан на НАТО“.

Според Путин, Виетнам, како и Северна Кореја, ја дели визијата на Руската Федерација за формирање на нов систем на „еднаква и неделива евроазиска безбедност“.
Во мај, за време на посетата на Кина, Путин почна да зборува за некаква „евроазиска безбедносна структура“. Во говорот во јуни, тој го предложи тоа велејќи дека „евроатлантскиот безбедносен систем се распаѓа и дека западните планови за просперитет во Европа не функционираат“.

Според аналитичарите, Путин се обидува да состави коалиција од земји што може да ги претстави како вистинска алтернатива на НАТО. Тој исто така се обидува да создаде илузија дека само западните земји ја поддржуваат Украина, додека остатокот од светот е на страната на Руската Федерација.

Останете во тек со сите наши новости на МСН и претплатете се со кликнување на „следи“ горе до нашето лого.

 

видеото на овој линк …

извор: НОС Холандија