Екс министер осуден поради автопатот кој го градеше Бехтел и Енка, а кој го поврзува Косово со Македонија

Основниот суд во Приштина ги осуди поранешниот министер за инфраструктура Пал Лекај и уште тројца функционери во Министерството поради 53 милиони евра, кои косовската влада му ги исплатила на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ заради доцнење во плаќањето за изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија, пишува Призма.

Лекај, како шеф на Меѓуминистерскиот совет за изградба на автопатот, го ангажирал својот советник Есет Бериша да преговара за дополнителните трошоци со компанијата. Со помош на Бериша, Лекај „целосно го игнорирал“ мислењето на компанијата за надзор „Хил интернационал“. Надзорот заклучил дека владата ѝ должи околу 14,8 милиони евра на „Бехтел и Енка“, чии „дополнителни финансиски барања“ ги нарекува „целосно неразумни и неприфатливи“.

Целата вест на Призма.