Енвер Бегановиќ стигна во Мека по 185 дена пешачење

Енвер Бегановиќ (52), со потекло од Босна и Херцеговина, по 185 дена пешачење, од Австрија пристигна во Мека за да изврши аџилак, еден од петте темели на исламот, јавува Анадолу.

Бегановиќ на 18 ноември минатата година пеш тргна од Маутхаузен кон Мека, каде што пристигна во неделата.

Тој помина пат долг 6.600 километри.

„Дојдов до идејата затоа што отсекогаш знаев дека човек како муслиман треба еден ден во својот живот да оди на аџилак. Почувствував дека начинот и темпото на живот многу ме оддалечија од патот на кој бев воспитан како дете – да верувам во Бога, да му бидам благодарен на Бог. Така ме учеа мајка ми и татко ми“, изјави претходно за Анадолу Бегановиќ додека беше во ирачкиот град Киркук.

Како што рече, за време на патувањето од илјадници километри не наишол на проблеми, напротив, добил, како што рече, неочекувана помош и поддршка од луѓето.

„Имав убави средби со луѓе. Никаде не доживеав нешто лошо. Тоа ги надмина сите мои очекувања. Односот на луѓето кон мене, поддршката на луѓето кои ја запознаваат мојата мисија, низ сите земји низ кои поминав, носам само најдобри впечатоци“, рече Бегановиќ.

За аџилак, рече, решил да оди пеш, бидејќи бил спортист и бил навикнат да пешачи долги растојанија.

Додаде дека во текот на месеците пешачење до светата земја никогаш не се изморил.

Аџилакот е една од петте темелни исламски должности. Секој муслиман кој е полнолетен, имотен и здрав е должен еднаш во животот да оди на аџилак во Каба во Мека, Саудиска Арабија, да престојува на Арефат, да ги посети Сафа и Мерва и да изврши други должности.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.