Еден од најголемите и најмодерните патнички авиони во светот, Ербас А350, ќе слета во Скопје за прв пат со летови на Туркиш ерлајнс на 19 и 27 јули.
Овој настан ќе означи историски момент за македонската авијација, кога авион „Ербас А350“ ќе слета и полетува за прв пат на и од Меѓународниот аеродром во Скопје.
Овој лет е дел од редовната линија на „Туркиш ерлајнс“ на линијата Скопјe-Истанбул на 19 јули и Истанбул-Скопје на 27 јули.
Иако линијата е редовна, на овие датуми, патниците ќе имаат ексклузивна можност да патуваат со авион од оваа класа, кој ретко се користи на кратки рути од овој тип.
Ербас А350 е симбол на најновата генерација во комерцијалната авијација; со високо ниво на удобност, непречен лет, напредни технологии и повеќе простор за патниците.
Авионот може да смести повеќе од 300 патници и е дизајниран за долги растојанија, нудејќи им на ентузијастите за авијација и на секој што сака поинакво искуство во воздухот.
4news.mk