Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека мисијата на првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи го означила почетокот на новата ера за истражување на вселената во таа земја, јавува Анадолу.
За време на видеоразговорот со Гезеравџи, Ердоган рече дека со оваа клучна мисија во рамките на Националната вселенска програма на Туркије, станал инспирација за сите во земјата, особено за децата и младите.
Гезеравџи во видеоповикот рече дека е горд што ја претставува својата земја во оваа важна мисија на Меѓународната вселенска станица.
„Ја завршив мојата прва задача со пренесување на нашата експериментална поставка од капсулата Драгон во нивното предекспериментално складирање“, рече Гезеравџи.
Ердоган рече дека Гезеравџи е првиот турски астронаут, но не и последен.
„Туркије го зазеде своето место меѓу земјите кои вршат вселенски мисии со екипаж“, рече турскиот претседател.
Првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи започна со научно истражување на Меѓународната вселенска станица, објави денес Турската вселенска агенција (TUA).
Гезеравџи и тројца членови на екипажот од Шпанија, Италија и Шведска ќе изведат над 30 научни експерименти и демонстрации во Меѓународната вселенска станица како дел од мисијата Ах-3. Гезеравџи е прв турски патник во вселената и ќе спроведе 13 научни истражувања за време на неговиот 14-дневен престој во станицата.
ТУА наведува дека првиот експеримент, наречен Екстремофит, развиен од Универзитетот „Еге“ во Измир, се обидува да ги открие следните генерации растенија одгледувани во вселената и на Земјата.
Членовите на екипажот на тимот Ax-3, кои успешно пристапија до Меѓународната вселенска станица на 20 јануари со вселенското летало „Спејс икс“, беа пречекани од Експедицијата 70, која моментно престојува во Меѓународната вселенска станица.
Мисијата Ax-3 ја предводи Мајкл Лопез-Алегрија, кој ги претставува САД и Шпанија, а во екипажот се и Валтер Виладеи како пилот од Италијанските воздухопловни сили и Маркус Ванд од Шведска, претставник на Европската вселенска агенција.
Првично полетувањето беше планирано за 9 јануари, но двапати беше одложено за 17 јануари, а потоа за 18 јануари.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.