Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган издаде наредба да се изведе воздушна операција „Канџа-меч“ во регионите што терористите ги користат како бази во северните делови на Ирак и на Сирија, известува Агенција Анадолија (АА).
Објавени се снимки на кои се гледа како Ердоган дава наредба за воздушна операција против терористите.
На снимката се гледа како турскиот министер за одбрана Хулуси Акар го информира Ердоган.
Турските власти објавија дека претседателот Ердоган дал упати за спроведување операција врз основа на информациите добиени од министерот Акар.
Турската авијација изведе воздухопловна операција против терористичката организација ПКК/ЈПГ во северните делови на Ирак и Сирија, соопшти утрово Министерството за одбрана на Туркије.
Воздушната операција „Канџа-меч“ извршена е во северните делови на Ирак и на Сирија, места што терористите на ПКК/ЈПГ ги користат како база за напади врз Туркије.
Во соопштението се истакнува дека операцијата е спроведена во согласност со правото за самоодбрана, што произлегува од членот 51 на Повелбата на Обединетите нации (ОН).
Операцијата следуваше по терористичкиот напад минатата недела на преполната улица Истиклал во Истанбул, во кој животот го загубија најмалку шест лица, а 81 се повредени. Турските власти соопштија дека нападот го извела терористичката организација ПКК/ЈПГ.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе. Терористичката организација ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).