Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено од Кабинетот на турскиот претседател, двајцата лидери разговарале за односите меѓу Туркије и Русија, особено за енергетиката, како и за регионалните прашања, меѓу кои и за коридорот за жито и борбата против тероризмот.
Ердоган во таа прилика истакна дека со заеднички сили обезбедиле над 13 милиони тони жито да стигнат до луѓето кои имаат потреба, и да почнат да работат на извоз на различни прехранбени производи и постепено на други стоки во рамките на договорот за коридорот за жито.
Турскиот претседател изрази искрени желби за што поскоро завршување на војната меѓу Русија и Украина.
Истакнувајќи дека продолжуваат сепаратистичките активности на ПКК/ЈПГ/ПЈД во северна Сирија и терористичките напади насочени кон Туркије, Ердоган рече дека во согласност со договорот од Сочи од 2019 година, важно е да се отстранат терористите од долж границата на оддалеченост од најмалку 30 километри.
Договорот за испорака на жито со цел решавање на глобалната криза со храна постигнат е на 22 јули во Истанбул со координација на Туркије. Договорот, покрај турскиот претседател Ердоган, го потпишаа и претставници на Обединетите нации, Русија и Украина.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).