Ердоган-Путин: Туркије е подготвена да биде домаќин на преговорите за чесен и траен мир на војната меѓу Русија и Украина

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство објави дека претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган имал телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, во кој станало збор за билатералните односи меѓу Туркије и Русија, како и за регионални и глобални прашања, известува Анадолу.

Во текот на разговорот претседателот Ердоган истакнал дека соработката меѓу Туркије и Русија е од клучна важност за решавање на регионалните прашања, дека Туркије внимателно го следи започнатиот процес за ставање крај на тековната војна меѓу Русија и Украина и дека Туркије е подготвена за секаков вид поддршка, вклучително и да биде домаќин на мировни преговори за да се обезбеди чесен и траен мир.

Претседателот Ердоган во текот на разговорот рекол дека добронамерните чекори што треба да се преземат за безбедноста на комерцијалната пловидба по Црно Море ќе придонесат за мировниот процес и дека Туркије продолжува да го прави својот дел за да спречи Црно Море да се претвори во конфликтна област.

Ердоган изјави дека Туркије ѝ придава големо значење на соработката со Русија за Сирија, ја истакна важноста Туркије и Русија да работат заедно за постигнување постојан мир и стабилност врз основа на територијалниот интегритет на Сирија и дека Туркије и Русија можат да работат заедно за да ги елиминираат напорите што поттикнуваат етничка и секташка дискриминација за уништување на единството на Сирија и за целосно отстранување на санкциите за Сирија.

За време на разговорот Ердоган истакнал дека ресурсите на Сирија треба да ѝ се препуштат на сириската администрација, дека Туркије ја поддржува интеграцијата на таканаречените „Сириски демократски сили“ во централната администрација и дека од витално значење за стабилноста на Сирија е отсега натаму таа повеќе да не претставува погодна област за терористичките организации.

извор: АНАДОЛИЈА