Ердоган: „Целта е обнова на регионот погоден со земјотресот за една година“

Тримесечната вонредна состојба со цел забрзување на спасувачките и напорите за пружање помош во турските области погодени од земјотресот ќе стапи на сила денеска, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Вонредната состојба ќе стапи на сила по денешното гласање во Парламентот“, рече Ердоган за време на посетата на јужната турска област Газиантеп, погодена од разорните земјотреси што се случија во понеделникот.

Ердоган истакна дека Туркије прогласи тримесечна вонредна состојба во областите погодени од земјотресите со цел да се забрзаат акциите за пребарување и спасување.

„Нашата држава е на терен со сите свои институции“, додаде Ердоган.

Нагласи дека продолжуваат спасувачките операции во јужните региони на Туркије погодени од земјотресите.

„Нашата цел е целосно закрепнување и обнова на десетте области погодени од земјотресот во рок од една година“, рече Ердоган.

Најмалку 14.351 лице загинаа, а над 60.000 се повредени во разорниот земјотрес што ја погоди јужна Туркије.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.