Еруптираше вулканот Канлаон на Филипини

Еруптираше вулканот Канлаон на островот Негрос на Филипини, јавува Анадолу.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs) објави дека ерупцијата на вулканот Канлаон започнала во 02:55 часот по локално време и траела пет минути.

Надлежните институции го подигнаа алармот на ниво 3, што укажува на можност за натамошни ерупции.

Како резултат на ерупцијата, забележано е паѓање на пепел во неколку области во западниот дел на островот Негрос.

Канлаон, со 2.465 метри надморска височина, е највисок врв на островот Негрос и во регионот Висејас. Се смета за активен андезитски стратовулкан и е еден од најактивните на Филипини.

Извор:АНАДОЛИЈА