ЕУРО 2024: Дресовите на германските фудбалери

За секој голем турнир, вклучувајќи го и Европското фудбалско првенство во сопствената земја, Германскиот фудбалски сојуз претставува нов дрес. Додека домашниот дрес за ЕУРО 2024 е речиси целосно бел, освен тесната лента во германските бои на рамениците, гостинскиот дрес ќе биде вистинско изненадување. Розов во горниот дел и виолетов во долниот дел, дресот речиси потсетува на голманска облека. Според креаторот, комбинацијата на бои ја претставува „новата генерација германски фудбалски навивачи и различноста на земјата“.

 

 

DW