Ефтимов: Овие предлози се внатрепартиски пазарења на СДС и ДУИ, се предлага професор по книжевност за заменик министер за земјоделство

Дајанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница праша што ќе промени во секторот образование предложениот кандидат Агим Нухиу со оглед дека до сега бил заменик министер за правда, додавајќи дека овој предлог е само внатрепартиско пазарење на коалициските партнери.

Прашањето е зошто господинот Агим Нухиу не бил добар во министерството за правда, па сега очекуваме да го среди министерството за образование и наука? Досега беше заменик министер што му фалеше ако смета дека до сега имавме правда држава и владеење на правото, досегашниот заменик министер ќе биде и заменик министер за образование и наука. Тоа се клучни прашања кои се поставуваат и потврдуваат дека всушност станува збор за внатрепартиски пазарења на коалиционите партнери. Нема тука некоја суштинска промена и ова е доказ бидејќи имаме само трансфер и нема никаква додадена вредност, вели тој.

Ефтимов посочи дека за заемник министер за земјоделство се предлага професор по книжевност.

Ако досегашното водење на ова министерство беше од кадри на просветни работници односно професори по физичко образование, сега имаме предлог кадар од професор по книжевност. Со респект за нејзината работа, но која е најмалата допирна точна со земјоделието, праша тој.

Предложеното кадровско решение треба да ги надмине предизвиците во земјоделието бидејќи на првата кривина се испостави дека немаме стокови резерви за пченица и затоа набавуваме, додаде тој.

извор: ВМРО ДПМНЕ