Во тек е операција за рушење на Зоран Заев. Тоа што не беше направено минатата година со операцијата Рекет сега една комбинација на олигархиски структури, делови на опозицијата, незадоволни структури во СДСМ и дел од соседните служби или политички групации ја спроведуваат целата операција.
Се игра на три карти.
Прво, пандемијата со корона. Што и да се направи таму има простор за манипулација со незадоволство на граѓаните. Ако нема карантин ќе бидат напади дека владата ништо не прави. Ако има карантин ќе бидат напади дека ќе банкротира бизнисот. И згора на се тие тајкуни кои по секоја цена се обидуваат да се спасат од затвор почнуваат да купуваат експерти од јавното здравство во услови на жестока пандемија со корона.
Второ се преговорите со Бугарија. Ако има договор тогаш ќе се води кампања дека Македонија капитулирала. Ако нема договор тогаш ќе има кампања дека владата добила вето за во ЕУ и треба влада на национален спас.
И трето, да се креира политичка криза со бојкот на изборите во Штип или со помош на таканаречените од Орце Камчев дагау новинари да се отворат нови афери Рекет 3 или слично на тоа.