Желка затруена со јаглерод моноксид во пожарот во Турција вратена во живот со кислородна терапија

Желка затруена со јаглерод моноксид во шумскиот пожар во подрачјето на Мармарис, југозападна Туркије, беше вратена во живот со кислородна терапија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тим од девет лица, од кои четворица ветеринари, специјални ветеринарни амбуланти и возила беа присутни во регионот пружајќи помош на животинскиот свет, се вели од Општината на турската област.

Работејќи во координација со припадниците на Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Здружението за пребарување и спасување животни и Одделот за заштита и контрола на животната средина во опожарените подрачја, тимот пронајде безживотна желка во шумата.

Утврдено е дека желката, која беше однесена во мобилната клиника „Ветбус“, била затруена со јаглерод моноксид.

Реанимираната желка ќе биде пуштена во својата природна средина откако целосно ќе закрепне.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Вахит Киришџи вчера изјави дека шумскиот пожар во Мармарис, што избувна на почетокот на неделата, е ставен под контрола.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).