Полициски службеници од ОВР Кавадарци ја уапсиле 27-годишната И.М. од Росоман во текот на вчерашниот ден.
По претходна вербална расправија со остар предмет нанела повреда на нејзиниот 32-годишен сопруг, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.