На улица „Индира Ганди” во населба Шуто Оризари – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска ја лишиле од слобода Е.Е.(23) од Скопје која била барана по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик“, стои во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.
mkd.mk