Жена од Грција си ја фрлила ќерката во река ден пред нејзиниот прв роденден. Полицијата ја уапсила 29-годишната мајка на бебето, која не сака да признае дека на новогодишната ноќ го фрлила детето во река.
Наводно, жената на 31 декември со такси од Ставрос Иматијас со бебето во раце се упатила кон местото каде што го фрлила во вода.
Потоа отишла во хотел, каде ја поминала новогодишната ноќ.
Утрото таа се вратила во куќата каде што живеела со бебето, бабата и дедото.
Кога се вратила дома без ќерката, семејството ја алармирало полицијата која веднаш покренала истрага за да утврди што точно се случило.
Полицијата ја испрашала мајката, која најпрвин и укажала на полицијата дека го оставила бебето во напуштена куќа во Верија. Сепак, властите таму не можеа да најдат никакви траги.
Полицијата извршила притисок врз мајката и таа на крајот ги отфрлила своите тврдења, велејќи дека го фрлила бебето во браната Алијакмонас доцна на новогодишната ноќ.
По претресот на теренот, полицијата го лоцирала бебето и телото го извлекла од реката. Телото било пренесено во болницата во Верија, каде лекарите можеле само да ја констатираат смртта на детето.
Како што пренесува локалните медиуми, лекарите кои го прегледале телото констатирале дека има каснувања од животни.
Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Таткото на детето изјави за protothema.gr дека и покрај напорите што ги вложил да го признае детето по неговото раѓање, секогаш наидувал на ѕидот на нејзиното семејство, но се грижел за него и многу често го посетувал.
Тој рече дека е шокиран од убиството и не може да поверува како 29-годишната девојка ја донела оваа одлука.
Од денот кога се роди, се борев за ова бебе и сакав да и признаам. Ја гледав често, секогаш беше во чиста облека и изгледаше добро, никогаш не можев да замислам дека тоа ќе се случи. Да имаше знак, ќе го направев поинаку – вели тој.
Неофицијалните резултати од обдукцијата наводно покажуваат дека бебето починало од задушување, а мајката и понатаму го негира делото, обидувајќи се да се оправда дека детето не го фрлила во река, туку и испаднало од раце.
Не си го убив детето, не знам што се случи – рече таа на рочиштето и додаде дека нејзиното дете паднало во вода и не можела да скокне за да ја извлече.
Следниот ден би бил роденден на бебето и девојчето би наполнило една година,пренесе Блиц.рс.
фото: Архива