Српските цариници биле шокирани од неверојатна глетка на граничниот премин Градина, кога ја отвориле хаубата на еден автомобил, за чијшто возач се посомневале дека пренесува нешто недозволено.
– Неверојатна сцена синоќа во Градина: цариниците ја отвориле хаубата на автомобилот и здогледале жена скриена меѓу моторот и ладилникот – објави српската Царина на Инстаграм.
Жената, која носела шамија и го прекрила лицето, била стуткана покрај моторот на „Пежото“. Царината соопшти дека жената била мигрантка, но не и од која држава доаѓа.
Цариниците велат дека ова е првпат да видат како некој се обидува да изведе нешто вакво, како и дека не знаат како жената успеала да се смести во тесниот простор.
slobodenpecat.mk