Жените од етничката група Карен Тајланд го чувуваат својот идентитет преку уникатна традиција

 Во селата на провинцијата Чијанг Рај во Тајланд, жените од етничката група Карен се познати низ светот по уникатната традиција на носење прстени од месинг околу вратот, јавува Анадолу.

Познати како жени со „најдолгите вратови во светот“, припадничките на оваа етничка група носат просечно 20 прстени, кои можат да тежат до 10 килограми, во текот на нивниот живот.

Со текот на времето, овие тешки прстени ги притискаат рамената надолу, што резултира со значителна промена на обликот на телото и издолжување на вратот до трипати од нормалната должина.

Прстените, кои жените почнуваат да ги носат уште од најрана возраст, се симбол на нивното културно наследство и ја покажуваат нивната издржливост и улога во зачувување на својот идентитет.

 

извор: Анадолија