Жител од с.Митрашинци потпалил возило на жител од с.Калиманци

Жител на беровското село Митрашинци е осомничен дека му го потпалил автомобилот на жител на Калиманци, виничко, соопшти МВР.

„Денеска (05.01.2023), полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Д.Г.(36) од с.Митрашинци, беровско. Тој се сомничи дека на 04.01.2023 околу 22.00 часот во с.Митрашинци предизвикал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес” со швајцарски национални ознаки, сопственост на Т.Н. од с.Калиманци, виничко“, се вели во полициското соопштение.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.