Забрана за користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народниот Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во својата објава ја известуваат јавноста дека:

Согласно препраката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, после извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби.

Тоа значи дека Народниот театар „Војдан Черондрински“ – Прилеп на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар. Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време.

Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман.

За сите понатамошни решенија и одлуки од надлежен институционален ентитет кои не обврзуваат на спроведување на истите, ве замолуваме да се водите и држите до официјалните објави на засегнатите институции – НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп. Театарот и Центарот за култура својата смисла на постоење ја гледаат и доживуваат само во нормална и непречена интеракција со публиката.

Поради тоа, театарот и центарот за култура се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини.