Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Tетово – Попова Шапка и Струмица – Берово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Tетово – Попова Шапка и Струмица – Берово. 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.