Заврши вештачењето: Коста не покажува никаква емпатија ниту чувство на вина, тој бил без трошка емоции

Коста Кецмановиќ, кој на крајот на јули ќе наполни 15 години, нема емоции, не се кае, е целосно рамнодушен што на 3 мај минатата година уби девет другари и училишен чувар во училиште, покажале резултатите од вештачењето,дознава Република.рс,

Вештаците кои се сретнале и разговарале биле шокирани. Коста Кецмановиќ  личел на празна школка, во која нема ништо. Без трошка емоции, емпатија, сочувство, а камоли каење за тоа што го направил. Ваков случај, според еден од експертите, би требало да се анализира на медицински  факултети.

Извор:  Република.рс