Загинаа сите патници во авионот што се урна во Хрватска

Директорот на Цивилната заштита во Хрватска, Дамир Трут, денеска соопшти дека потрагата по паднатиот авион „цесна“ е завршена и дека, за жал, сите патници од авионот загинале.

„Имаше 400 трагачи и тие ја извршија задачата и го пронајдоа леталото. Веднаш штом беше забележано од воздух, беа испратени копнени сили. За жал, беше потврдено дека сите патници од авионот ‘цесна’ загинале и следува полициска истрага. Во име на сите оперативни сили изразуваме сочувство кон семејството и пријателите на жртвите“, изјави директорот на Цивилната заштита.

„Авионот е пронајден на неколку стотини метри од Брочанска Коса. Овој авион, колку што знам, нема црна кутија. Овој камп за пребарување останува на местото. Ќе повлечеме дел од силите, а дел ќе остане да помогнеме во извлекувањето на загинатите“, рече Трут.

 

фото: Index.hr