Загинатата Сара Пројковска беше самохрана мајка на две деца – сопругот и почина пред четири години

Професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која пееше придружни вокали во групата „ДНК“, почина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврдија од Факултетот за музички уметности.

Нејзината колешка Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за „ДНК“ и е професорка во средното музичко училиште, е во стабилна состојба и е на домашно лекување, потврди нејзиното семејство.

Пројковска беше самохрана мајка на две деца, пишува порталот „Сакам да кажам“.

извор: newz24live.com