Седумдесет и деветгодишна жена од Скопје загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото на улицата „Македонско- косовска бригада“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата се случила меѓу „опел корса“, управувано од Н.А.(30) од Скопје и „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), соопшти Управата, наведувајќи дека во пријавата…
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил…