Задолжувањето кое го најавува Бесими е резултат на неспособноста и криминогеноста на владата, велат од ВМРО ДПМНЕ

Задолжувањето кое го најавува Бесими е резултат на неспособноста и криминогеноста на владата. Фатмир Бесими најави ново задолжување, под превезот за буџетски потреби. Тоа буквално значи дека владата ја клекнала економијата на колена и во буџетот немаме намалени проливи, а зголемени расходи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

5 години ВМРО-ДПМНЕ предупредува на лошите економски политики, проследени со криминал, корупција и местење тендери, 5 години владата продолжува со исто темпо и резултат веќе сите го гледаме.

Државата има јавен долг над 7 милијарди евра, а повеќе не се задолжуваме како држава за нови проекти, туку за буџетско одржување, т.е. преживување.

Потребни се итни мерки за заздравување на економијата и поттикнување на економскиот раст, а тоа се процеси кои СДСМ и ДУИ не можат да ги водат. Затоа потребни се предвремени избори час поскоро.