Заев купил акции во авиокомпанија од Индија?

Чудна е пасијата на СДСМ да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови, одговори владејачката ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската СДСМ, објави РЕПУБЛИКА.

Можеби таа пасија доаѓа од приказните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авиокомпанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сè уште постојат во една од постоечките авиокомпании. Ако ова е точно, добро е СДСМ да си провери чива била сопственоста и како нивниот сè уште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија? Каква, пак, е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ нека си проверат и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат, се вели во соопштението.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако СДСМ утрово прашаа зошто „Владата 3 дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети. Веќе трет ден молчат и не откриваат колку чинел летот со приватна авиокомпанија, со кој педесетина претставници на Владата и медиуми отпатуваа за Будимпешта. Мицкоски, познат по тоа што „го болат колената“ во економска класа и секогаш избира бизнис-класа, овој пат решил да оди чекор подалеку – со приватен чартер. Јавноста чека одговор: колку чинеше ова патување?, се вели во соопштението на СДСМ.

извор:РЕПУБЛИКА