Заеднички фотографии од Тоше Проески и Андреј од ДНК „Сега заедно пак ќе се смеат“

Заеднички фотографии од Андреј Ѓорѓиески од ДНК и Тоше Проески деновиве се распространуваат на интернет.

Нашите музички ѕвезди, кои не се повеќе меѓу нас, ќе ги паметиме засекогаш по нивните добри срца и желбата секогаш да помагаат на оние на кои им е најпотребно.

На фотографиите, Тоше и Андреј се смеат и разговараат. Во коментарите стојат пораки како: „Таму некаде сега заедно пак ќе се смеат“, „Вечна ви слава Ангели наши“ и „Пејте заедно со Ангелите“.

„Тоше пееше – Полско цвеќе млад нека ме покрие… Андреј пееше – Ако утре ме нема еј, Немој да ме жалите… Едниот на 16.10.2007… Другиот на 16.03.2025“ – стои во една објава на социјалните мрежи.

 

Тоше почина во страшна сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, додека Андреј го изгуби својот живот во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

 

 

femina.mk