Започна снимањето на филмот за животот на Џеј Рамадановски. Се вика „Недела“

Започна снимањето на филмот „Недела “, инспириран од вистинските искуства на покојниот Џеја Рамадановски, пишува Блиц.

Низ неговото растење се следи неговиот пат до успехот и плејадата интересни личности кои го одбележаа неговиот живот, но и духот на Белград, особено Дорчол. Ликот на популарна пејачка на народна музика го толкува Хусеин Алијевиќ, попознат како Хуса од поранешната група Бит стрит. Сценариото го напиша Стефан Бошковиќ, а филмот е во режија на Немања Ќераниќ.

Продуцентите велат дека наскоро ќе излезат во јавноста со конкретни детали. Снимањето треба да заврши до крајот на летото, а многумина очекуваат успех во регионот како и филмот Том, снимен според животот на Том Здравковиќ.

 

index.hr