Заради СДСМ имаме енергетска криза, поскапи цени и сиромаштија, затоа се потребни предвремени парламентарни избори.
Заради неспособноста на СДСМ и криминалот во РЕК Битола немаше јаглен во старт на грејна сезона, а наместо да се произведува со оптимален капацитет мораше да се увезува скапа струја, се вели во Соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Заради неспособноста и криминалот на СДСМ народот плаќа и до 30% поскапи сметки за струја.
Затоа што владата не направи залихи кога сите правеа, имаме и до 100% поскапи основни производи.
СДСМ е причината за сите кризи и тие не можат никако да бидат решение. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, од кои СДСМ бега и ја заглавува државата се повеќе.