Застрашувачки фотографии од „ферарито“ во кое загинаа српски државјанин и девојка: Возилото преполовено

Државјанин на Србија (41), со живеалиште во Швајцарија, и се уште неидентификувана девојка загинаа во неделата откако Ферарито во кое се наоѓале удрило во заштитна ограда во Италија.

Италијанските медиуми јавуваат дека Ферари со швајцарски таблички, управувано од српски државјанин, набргу по излегувањето од тунелот на патот во Пиемонт удрило во заштитна ограда. По судирот скапото возило се поделило на половина и се запалило, а мажот и неговиот сопатник починале на лице место.

Несреќата се случила околу пладне на католички Велигден.
Според медиумите, во понеделникот братот на возачот дошол во полициската станица Сетимо Торинезе за да го идентификува телото на мажот.

Сепак, се уште ништо не се знае за другата жртва на несреќата, која исто така била јагленисана и непрепознатлива. За да се идентификува, ќе биде неопходно да се направи ДНК тест.

 

 

telegraf.rs