Избирачките места на локалните избори во Турција, на кои денеска над 61 милион гласачи избраа кандидати од 34 политички партии, беа затворени во 17 часот, а гласањето беше одбележано со насилство, во кое загинаа три лица, а неколку други беа повредени. .
Првите резултати од гласањето се очекуваат во раните вечерни часови, објави Ројтерс.
Едно лице загина, а 11 се повредени во судир со оружје, палки и камења на југоистокот од земјава.
Во друг инцидент, во тепачката едно лице загина, а четворица се ранети, јави Анадолија.
Судири имаше и во Шанлиурфа, каде беа повредени 16 лица, додека едно лице беше избодено со нож во Афјонкарахисар на западот на земјата.
Демирорен извести дека во текот на ноќта во Бурса едно лице е убиено, а двајца се ранети.
Турските граѓани денеска избраа градоначалници, началници на области и други локални функционери кои ќе ја извршуваат функцијата во следните пет години, вклучително и лидери во Истанбул, Анкара и Измир, објави турската државна телевизија ТРТ.
telegraf.rs