Затворен Аеродромот во Хамбург, вооружен маж се возел во автомобил и пукал во воздух

Аеродромот во Хамбург синоќа беше затворен откако вооружен маж влегол на негова територија и пукал во воздух, изјави портпаролот на федералната полиција, цитиран од ДПА.

Вооружениот напаѓач го возел своето возило низ капијата и испукал два истрели во воздух, изјави портпаролот Томас Херберт.

Претходно сопругата на мажот се јавила во полиција и пријавила можно киднапирање на дете. Во соопштението, полицијата соопшти дека главната верзија на заложничката криза е спорот за старателството над 4-годишното дете.

На местото на настанот има зголемено присуство на регионална и федерална полиција, рече Херберт.