Од 5.55 часот регионалниот пат Росоман – Прилеп, кај месноста викана Трите ленти на Плетвар, е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информира Авто мото сојузот на Македонија. Засега нема информација кога патот ќе биде оспособен за сообраќај. Екипи за интервенции на патиштата се излезени на местото и работат на санација на патот.
Многу земја и вода има на патот, a за состојбата реагираат граѓани преку социјалните мрежи кои биле тргнати на пат.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил Ауди Q5 неовластено држел…