Затворите во Словенија се преполни, а сегашната стапка на пополнетост достигнува дури 130 отсто, јавува Анадолу.
Најлошо е во Љубљана, каде што стапката на пополнетост е дури 177 отсто, а потоа следуваат затворите во Копер и Марибор.
Во недела истекува уредбата на словенечката Влада за зајакнати безбедносни услови поради кадровските или просторните проблеми во затворите.
Во првите три месеци спроведени се две мерки: привремен отпуст и вработување поранешни службеници од судската полиција.
Сепак, се предупредува дека и покрај мерките, словенечките затвори и понатаму се преполни.
Се очекува словенечката Влада да ја продолжи важноста на уредбата за уште три месеци.
Условите во затворите, исто така, не се подобрени, иако Владата донесе уредба со која се овозможува привремено прекинување на казните и повторно вработување службеници од судската полиција што веќе ја извршуваа таа работа.
Управата за извршување казнени санкции предлага продолжување на само една мерка, а тоа е можноста за вработување поранешни службеници од судската полиција.
Ниту меѓу затворениците нема воодушевување бидејќи само привремено им е прекината казната и ќе мора да се вратат в затвор. Мерките не се однесуваат на странците, од кои половина се в затвор.