Затворски казни за професорите од Економски факултет, Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки

Изречени се пресудите во предметот „Еразмус“ против професори и демонстрант на Економскиот факултет во Скопје.

Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп, доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп, судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години.

Судот на Шуклев и Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од пет години. Исто така и за обвинетиот Драган Денковски сметано од денот на правосилноста на пресудата. Времето поминато во затвор се засметува во времето на траењето на забраната.

Од професорот Шуклев се одземаат предметните банкноти.

Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување на преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително кажа дека е утврдено оти барал и сексуални услуги од студентки.

Извор: 24info.mk