Жупаниското државно обвинитество во Вараждин донеесе решение за спроведување истрага против 23-годишниот македонец кој пред неколку ноќи во центарот на Вараждин се обиде да убие едно лице и тешко да повреди четири лица.
Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица со нож двапати избодел свој врсник и му нанел отворена рана на стомачниот ѕид со внатрешна повреда, јавија хрватските медиуми.
МИА