Земјите кои граничат со Србија го затворија својот воздушен простор за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој требаше да ја посети Србија на 6 и 7 јуни, соопшти синоќа портпаролката на руското Министерството за надворешни работи Марија Захарова. „Денеска пред еден час земјите што ја опкружуваат Србија го затворија каналот за комуникација, со што беше спречен летот на Сергеј Лавров, кој имаше намера да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. „Земјите членки на ЕУ и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација“, потврди Захарова во емисијата на италијанскиот ТВ канал Ла7, пренесуваат руските медиуми.
Радио Слободна Европа