Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, искажа сомневање за кривично дело при купување нделовен простор по ниска цена во центарот на Скопје преку Универзална инвестициска банка. Апасиев, на денешната седница за опозициски пратенички прашања постави прашање до премиерот Мицкоски, за како што рече, неговиот однос и селективноста на истрагата за трагедијата во Кочани, и изрази сомнеж од опасност за несоодветни обвиненија.
– Политичката партија Левица купила деловен имот од 409 метри квадратни на адвокатската улица за 295.000 евра со ДДВ или 721 евро во центар на Скопје. Ќе ви кажам какво е ова кривично дело. Градот Скопје ви пресметал цена квадрат од 1.150 евра, па сте платиле данок во вредност од 739.285 денари. Ќе видиме дали е кога ќе се позанимаваат органите, рече Мицкоски.
Мицкоски во одговорот на прашањето од Апасиев посочи дека кога станува збор за кривични дела, се надева оти органите ќе имаат можност длабински да истражат што е тоа што претставува кривично дело.
– Тоа што јас можам да ви го кажам е дека со криминалците нема играње, вклучително и со оние кои се потенцијални криминалци. Без разлика од која политичка партија доаѓаат, дали се од СДСМ, дали се од ДУИ, Левица или од ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Апасиев рече дека е незадоволен од одговорот и се вадеше дека купиле приземје со подрумски простории, затоа таква била цената. Апасиев, во репликата напомена дека не му било одговорено на поставеното прашање. Тој потврди дека партијата Левица купила простор подрумски простории и дека тоа е причината за ниската цена.
– Ние купивме подрумски простории со приземје, ете затоа е толкава сумата, одговори Апасиев.
Не објасни зошто прво потенцира подрумски, а потоа приземје. Ниту од каде миу скоро 300.000 евра за истото…
„Од сусамот…“, веќе се шегуваат по социјалните мрежи.