За утре најавен протест во Скопје против системските пропусти и небезбедните улици

Организаторите нагласуваат дека случајот со Фросина Кулакова не е изолиран и дека системските проблеми со години не се решаваат. Тие предупредуваат дека институциите не преземаат соодветни мерки за заштита на граѓаните, а младите, поради недоволна грижа, се соочуваат со зголемен ризик да тргнат по погрешен пат.

Протестот има цел да укаже на три клучни проблеми:

1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот
2. Недоволна безбедност во градовите
3. Глорификација на девијантно однесување

Организаторите повикуваат граѓаните да излезат и да го изразат својот револт, барајќи подобра координација на институциите, безбедни градски услови и подигање на јавната свест за негативните последици од неказнивоста.

 

 

skopjeinfo.mk