„За Феликс. За животните. За правна држава. За правда“ – собир на Анима Мунди пред Пред Кривичниот суд во Скопје

Пред Основен Суд Скопје денеска се одржа протест за „За Феликс. За животните. За правна држава. За правда“. Протестот, инициран од „Анима мунди“, а поддржан од Зелен хуман град, се случи кога требаше да се одржи првото рочиште по кривичната пријава која ја поднесоа против Љубе Крстевски поради претепување до смрт на безомното куче Феликс со метална шипка кај скопски Момин Поток. Рочиштето беше одложено поради тоа што „еден од обвинетите не го добил обвинителниот предлог“.
Здружението бара најстроги казни за мачење и убиство на животните, без олеснителни околности и мерки.
„Тој ѕверски, со умисла, употреба на најголема сила и 10 удари со метална шипка по глава во заграден простор и без можност да се избави и спаси, удираше несреќно бездомно куче. До безсозание, со намера да оди до смрт за да потоа со помош на друго лице врзе и фрли како да е предмет и најобично ѓубре. Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; но затоа асистенти кога требаше околу врат да се врзе со метална жица, влече и фрли како ѓубре. Соучесници. И ова немаше да го видиме, ова немаше да го дознаеме да не беше снимено. „Љубе со другарите“ се ликот на секој еден кој во оваа држава се изживува, коле, беси, труе животно. А Феликс е секое друго животно, секое друго несреќно битие оставено само на себе да страда и умира во пеколни маки, душа која не успеавме да го спасиме. Молкот ги охрабрува и помага сторителите, никогаш оној кој е жртва. Ако ова само немо го набљудуваме, учествуваме во колективната деградација и дегенерација на се што е нормално, хумано, човечно во нашата држава“, велат од „Анима мунди“.
Досега, во судската пракса, ниту еден сторител на ова кривично дело не добил затворска казна, туку условна или парична казна, не повисока од 300 евра. Според активистите, ваквата судска пракса не го спречува насилството врз послабите – напротив, го охрабрува.
slobodnaevropa.mk