Збунувачките објави на Куци и неговата сопруга

Популарниот турски пејач и актер Ахмет Куци Карадоган, попознат само по прекарот, се најде во центарот на вниманието поради, во најмала рака, збунувачки објави на неговата сопруга. Еве за што се работи.

Не така одамна Куци се ожени со Сибел Улкер, мајката на момчето-актер со кое соработуваше во серијата Беним Адим Мелек. Токму поради Сибел изминатите неколку дена настана вистинска мала конфузија. Сопругата на Куци на своите социјални мрежи напиша објава во која зборува за психичко малтретирање и злоупотреба на деца.

Во пораката што ја напиша таа додаде дека некои луѓе носат маски во реалниот живот и се преправаат дека се нешто што не се. Многу луѓе, вклучително и медиумите, мислеа дека Куци и Сибел имаат проблеми во бракот и дека популарниот актер е „некој“ на кој се однесува пораката што таа ја напиша.

Сепак, Сибел повторно проговори. Таа на новата објава на Инстаграм напиша дека нејзините зборови за психичко малтретирање биле погрешно разбрани. Како што вели, тоа не важело за нејзиниот сопруг и не ни размислуваат за развод. Се е во најдобар ред меѓу нив, а како што вели таа „мислела на други луѓе“. Така што, според неа, нејзината објава нема врска со нејзиниот сопруг, туку со други луѓе. Тие двајца најдобро знаат дали е навистина така.

Обожавателите на Куци се надеваат дека нивниот омилен актер би можел да се појави во нов успешен проект како што е серијата Мелек. Куци, кој досега се има појавено во осум проекти, последната улога ја имаше во ТВ серијата Annemizi Saklarken. Во овој проект, кој траеше само осум епизоди, тој толкуваше лик по име Дундар.

 

tvexposed.net