Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е „подготвен за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако не успеат „тоа би значело дека ова е Трета светска војна“.
„Подготвен сум за преговори со него. Бев подготвен во последните две години. И мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, изјави тој за Фарид Закарија на Си-Ен-Ен.
„Мислам дека треба да искористиме кој било формат, секоја шанса за да имаме можност за преговарање, можност за разговор со Путин. Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е трета светска војна“, додаде тој.
Зеленски повеќе пати побара преговори во последните денови, бидејќи руската инвазија на Украина се приближува кон четвртата недела. Во видео пораката објавена во саботата, тој повика на разговори „без одлагање“, предупредувајќи дека во спротивно загубите на Русија ќе бидат „огромни“.
„Секогаш сме инсистирале на преговори. Секогаш сме нуделе дијалог, нуделе решенија за мир“, рече тој. „И сакам сите да ме слушнат сега, особено во Москва. Време е да се сретнеме. Време е да разговараме.
Зеленски претходно изјави дека неговите приоритети во разговорите се јасни: „Крај на војната, безбедносни гаранции, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции за нашата земја, вистинска заштита за нашата земја“ пренесува Си-Ен-Ен.