Зеленски ќе се обрати пред јапонскиот парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска виртуелно ќе му се обрати на јапонскиот парламент, со цел да собере меѓународна поддршка за борбата на неговата земја против руската инвазија. Јапонија неодамна зазеде цврст став против Русија, во склад со другите земји од Групата седум. Видеообраќањето на Зеленски, кое се очекува да трае околу десет минути, ќе биде прикажано во салата за состаноци на Долниот дом на јапонскиот парламент.

 

Радио Слободна Европа