Земјотресите кај Санторини постепено се намалуваат, тврдат грчките научници

Научниците од Универзитетот во Атина кои ги следат земјотресите во близина на островот Санторини денеска објавија дека феноменот „постепено опаѓа“ речиси еден месец по почетокот на повеќекратните земјотреси.

Потресите, понекогаш регистрирани со само неколку минути, поттикнаа илјадници жители да ги напуштат градовите на Санторини, како и блиските острови Иос, Аморгос и Анафи, објави АП.

Училиштата на тие острови се затворени веќе четврта недела, а во сила се многу други ограничувања.

Научниците сепак изјавија дека се охрабрени од најновите случувања.

 

 

4news.mk