Во утринските часови земјотрес го погоди североисточниот дел на Босна и Херцеговина. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 15 километри од Сански Мост.
Според податоците на Европскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот што ја погоди БиХ во 05:32 часот, бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Eyewitnesses reported shaking in #Croatia 2 min ago (local time 06:33:17)⚠
More info soon! pic.twitter.com/HmZqFgvo8i— EMSC (@LastQuake) December 27, 2023
Како што се наведува, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, во областа на Сплит.
Според граѓаните од областа, кои коментираа на социјалните мрежи, земјотресот бил краток, но се почувствувал силно и многумина разбудил од сон.
Нема информации за материјална штета или повредени.