Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на подрачјето на Загреб околу 10 часот и 25 минути, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот бил почувствуван и во областа Сисак.
Минатата недела, на 2 ноември земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Сисак, со епицентар на 16 километри југозападно од градот.
фото: ЕМСЦ