Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотреси над 5 степени беа регистрирани синоќа (точно 5 степени) и минатата среда – 5,2 степени.
Вечерва, земјотресот бил почувствуван на речиси сите околни острови, но и во делови на Атина.
mia.mk