Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ги потресе Курилските Острови

 Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ги погоди Курилските Острови, недалеку од брегот на Источна Азија, јавува Анадолу.

Силниот земјотрес се случил во 12:47 часот по Гринич, на длабочина од 162 километри, објави Американскиот геолошки институт.

Нема информации за непосредни жртви или закана од цунами од земјотресот.

„Џиосајанс Австралија“ измери земјотрес со јачина од 6,9 степени на длабочина од 142 километри.

Курилските Острови се вулкански архипелаг каде земјотресите и плимните бранови се вообичаени.

Островите во моментов се спорна територија меѓу Русија и Јапонија.

 

извор: Анадолија